Ова се најчестите причини зошто пропаѓаат љубовните врски

Ова се најчестите причини зошто пропаѓаат љубовните врски.

Изедначување на партнерот со концептот на среќата

Никој кој е вљубен не е имун на оваа грешка. Кога многу сакаме некоја личност, тогаш таа личност станува, не само центарот на нашиот свет, туку и целиот наш свет. Колку и да звучи ова романтично, тоа не е добро за врската и рамнотежата во љубовната врска. Порано или подоцна, покрај сета оваа љубов, ќе ви треба нешто од вашиот сопствен свет за да бидете целосна личност.
Затоа треба секогаш да се обидувате се ја одржувате рамнотежата и да имате време и простор за себе, како и за вашиот партнер.

Премногу доминантен однос

Иако апсолутната еднаквост е илузија и некој секогаш ќе биде посилен, тоа не значи дека има право да одлучува и во име на неговиот партнер. Дури и кога не ви пречи тоа, еден ден ќе се чувствувате како да немате право на сопствено мислење.

Љубомора

Оваа приказна е раскажана многу пати. Љубомората излегува од нашите сопствени стравови, и терети од минатото. Додека постои љубомора во врската, врската е осудена на пропаст.

Себичност

И додека понекогаш “себичност” е во ред, во смисла да се обрне внимание на сопствените интереси, тие права, кога сме глуви за желбите и потребите на партнерот, не треба да важат. Љубовта подразбира споделување.

Не реагирате на емоционалните растојанија

Сосема е нормално партнерите кои се во врска да се одалечат со текот на времето, тоа не значи дека љубовта исчезна, туку веќе немаме толкава потреба за присуство на нашиот партнер. Да, ова се нарекува емоционална дистанца. Се случува кога луѓето се преоптоварени со нивните обврски или поради рутина.

Најлошото нешто што можеме да направиме е да ја игнорираме ситуацијата. Разговорот секогаш помага – барем за да разберете на што сте.

Различни визии

На крај, кога сте во врска со некој кој сака сосема различни работи од вас, чија визија за иднината е сосема поинаква од вашата, сосема е сигурно дека вашата врска нема да оди никаде.

 




Коментари

коментари