Ова се најчестите сексуални изговори

Сексот е важен аспект во односот со партнерот. Успешниот сексуален живот ги зацврстува односите во врската. 

Постојат многубројни здравствени придобивки од сексот: подобрување на расположението, опуштање, елиминирање на стресот, заборавање на проблемите. Меѓутоа, постојат денови кога едноставно не сакаме секс. Најдобро би било да му ја кажеме на партнерот вистинската причина. За жал, честопати ги заменуваме искрените разговори со изговори.

Имав тежок ден, уморна сум

Кога ќе се вратиме дома по напорниот ден, навистина сме уморни и не чувствуваме страст. Сѐ што сакаме е да се облечеме во удобна маица и да седиме на каучот гледајќи ја омилената серија. Можеби наместо да користите друг блеф, треба да го замолите партнерот за масажа на вратот. Кој знае дали ќе заврши со љубовни игри?

Не можам, имам циклус

Никој нема да го оспори овој изговор. Ова е еден од најчестите изговори кои жените ги практикуваат за да избегнат интимност. Некои жени одат и чекор понатаму па ги споменуваат и плодните денови.

 

Треба да станам рано, морам да спијам

Во денешно време, нашата работа честпати бара и полно работно време. Презентации, состаноци – постојат денови кога навистина мораме да им го посветиме и приватното време. Меѓутоа, ако користите изговор сѐ почесто дека утре имате важна презентација и дека морате да спиете, можеби треба да размислите дали има некој проблем во вашиот однос.

Остави ме на мира, ме боли главата

Тоа е стар изговор кој стана предмет на многу шеги. Изговорот на нашите баби и мајки стана наш изговор. Ако повеќе сакате да се преправате дека имате главоболка, а не љубовна игра – тоа е ваш избор.

Не сега, подоцна

За некои од нас нема добро време за секс. Или не сме расположени или сме уморни или не боли главата. и така може да продолжиме до бескрај. Ваквиот вид на изговор може да потрае само за момент, а со тек на време партнерот ќе сфати дека нешто не е во ред, а потоа ќе има право да ви се налути.




Коментари

коментари