Ова се најчудните работи кои луѓето ги прават во сон

Речиси нема човек кој не доживеа чудни или мистериозни работи кои му се случија додека спиел. Добра вест е дека овие феномени, иако понекогаш непријатни и застрашувачки, се обично безопасни.

Ова се најчудните работи кои луѓето ги прават во сон:

Испраќање бесмислени СМС пораки
Овој феномен се јавува кога човекот е под голем стрес. Луѓето кои пишуваат и испраќаат СМС-пораки додека спијат воопшто не се свесни што прават. Американските научници овој феномен го нарекуваат “sleeptexting“, а се класифицираа во категорија на парасомнија.

Овие чудни дејства најчесто се случуваат во првите неколку часа на спиење, што ја нарушува РЕМ фазата. Најдобриот лек за ова е да го оставите вашиот мобилен телефон во другата соба или целосно да го исклучите.

Синдром на “експлодирачка глава”
Најчудното нарушување на спиењето се нарекува “експлозија во главата“. Луѓето кои страдаат од овој синдром се будат поради силната бучава која ја опишуваат како звук на гром или експлозија. Овој мистериозен звук се создава во нивната глава и е сосема безопасен.

Превртување во кревет – 360 ‘искуство
Иако немирниот сон и превртување во кревет е често кај луѓето, истото е поврзано со болести, лоши душеци и стрес. Докажано е дека луѓето се претвртуваат по дваесет пати во една ноќ, а мажите ја менуваат својата позиција почесто од жените. Некои луѓе имаат потреба да направат целосен круг за да им биде удобно.

Хипнагошки халуцинации
Хипнагогија е халуцинација во сон. Се случува пред да заспиете, но сѐ уште сте будни, а се манифестира со халуцинации, фантастични суштества и ентитети. Овие појави се почести кај децата. Обично се резултат на стрес и/или силна имагинација. Исто така, можат да се појават доколку сте под влијание на алкохол.




Коментари

коментари