Категории

Ова се најдобрите фотографии на птици за 2021 година! (ФОТО)

Природата е волшебен склоп на убавина, изненадувања и најразлчни интересни суштества. Токму затоа, воопшто не е зачудувачки фактот што фотографите обожаваат да работат со неа. Вистинско уметничко дело е создавањето на фотографија која го доловува моментот создадена во право време, особено кога се работи за објект кој се движи толку бргу како што се птиците.

Токму затоа, „Bird Photographer of the Year (BPTY)“ организира натпревар секоја година прикажувајќи ги сите овие неверојатни моменти зачувани во фотографија.