Категории

Ова се најдрагоцените љубовни лекции кои ќе ги прочитате

Никогаш не смеете да ги заборавите следните правила, без обзир на тоа дали сте во врска или во потрага по идеалниот партнер.

Не ја споредувајте својата врска со другите

Само затоа што вашите родители се разведени не значи дека и вашата врска е осудена на пропаст. Оној пар делува совршено можеби има сериозни проблеми, но едноставно не покажуваат и не откриваат каква е нивната врска навистина. Не се оптеретувајте со другите, водете сметка само за својата врска.

Не можете никого да промените

Луѓето се менуваат ако сами почувствуваат потреба за тоа. Ни случајно не започнувајте врска со личност која ве привлекува, но веќе планирате да ја промените, бидејќи тоа нема никогаш да се случи.

Никој не може да ви ги чита мислите

Доколку нешто сакате, кажете јасно и гласно. Не му замерувајте и не се лутете на него поради тоа што не направил нешто што сте сакале, а притоа не сте го изговориле. Комуникацијата е клучна во здравиот однос.

Не правете непотребни проверки

Ако се сомневате на неверство или едноставно се чувствувате запоставено, разговарајте за тоа. Само не правете нешто што може да ви се одбие од глава.

Ти и тој мора да цените исти вредности

Потполно е во ред да имате различен вкус за музика, филмови и забава, но во врска со сериозните животни прашања како што е кариерата, недвижностите, бракот, децата треба да имате исто мислење.

Сексот е важен

И не дозволувајте никој да ве увери во спротивното. Иако не е најважен, тоа е физички начин на покажување љубов и приврзаност. Работете на одржувањето на страста во врската или бракот.

 

 

 

 

 

 

Прегледи:
339
Објавено на:
12.04.2018