Ова се најнеобичните обичаи низ светот за дочекување на Новата Година!

Ширум светот постојат многу ритуали кои се за нас необични, како шетање на полноќ со празни куфери, кршење чинии пред прагот на пријателите и слично. Прочитајте кои се најнеобичните ритуали во земјите во светот за дочекот на новата година.

ЈАПОНИЈА – На полноќ, будистичките храмови во Јапонија ѕвонат дури 108 пати бидејќи веруваат дека на тој начин ќе ги избркаат човековите гревови, а жителите на Јапонија веруваат дека ако се насмевнат на полноќ, макар и на сила, ќе имаат среќа во претстојната година.

БРАЗИЛ – Бразилците на дочекот носат бела облека, за која веруваат дека ќе ја избрка негативната енергија. Некои од нив рипаат во место седум пати по ред и ја даруваат божицата Леменија.

АРГЕНТИНА – Кога се поклопуваат стрелките на часовникот, Аргентинците ја испружуваат десната нога и сигнализираат дека во Новата Година влегуваат токму на таа нога. Гаучосите кои сакаат да пронајдат нова љубов за дочекот на Новата Година носат нов розов долен веш купен специјално за таа пригода. Слични ритуали имаат и жителите на Венецуела кои за среќа носат жолт долен веш на дочекот.

ДАНСКА – Чиниите кои нема да се искористат во текот на годината се фрлаат на 31. декември пред вратите на пријателите и семејството. Тоа е еден од најчудните начини да покажете дека се грижите за некого. Исто така, постои и обичај ко налага луѓето да се качат на стол и да скокаат точно на полноќ

КОЛУМБИЈА – Колумбијците шетаат со празни куфери за наредната година да им е полна со патувања.

ШВАЈЦАРИЈА – Жителите на оваа земја веруваат дека ќе имаат среќа во Новата Година ако на дочекот намерно фрлат сладолед на подот.

ЕЛ САЛВАДОР – Салвадорците на полноќ истураат јајце во стаклена чинија и го оставаат до прозорот. Врз основа на објектите кои жолчката ги попримила утрото, толкуваат каква ќе им биде среќата во наредната година.

ЈУЖНА АФРИКА – Жителите на поединечни делови во оваа држава сметаат дека ќе се ослободите од лошата среќа ако на дочекот го исфрлите стариот намештај низ прозор.

РУСИЈА – Некои Руси на хартија ја запишуваат својата најголема желба, таа хартија ја палат, а потоа ја пијат со шампањ пред да дојде полноќ, а за возврат очекуваат дека таа желба ќе им се исполни во наредните 12 месеци.




Коментари

коментари