Категории

Ова се најневеројатните професии во светот кои не би ги одбиле!

„Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?“ Астронаут? Возач на формула? Поп ѕвезда? Доколку би ги знаеле следниве професии во младоста, веројатно нашите одлуки би биле малку поинакви!

1. Консултант за чоколадо

Плаена професија каде што треба да го оценувате вкусот на чоколадото… Кој не би ја сакал оваа работа? Ова е мешање на работата и задоволството, зар не?

2. Дегустатор на пиво

Доколку сте љубител на пиво и сметате дека знаете добро да процените квалитетно пиво, тогаш оваа работа е создадена за вас. Патување низ земјата, посетување пабови и вкусување различни видови на пиво изгледа како вистинска забава.

3. Дегустатор на вино

Пософистицирана верзија на дегустатор на пиво, доколку виното е вашиот омилен алкохол, тогаш ќе уживате во дегустацијата и споредувањето на бербите во хотелите и рестораните низ светот. И ќе ве нарекуваат „Мастер“ – што повеќе би посакале?

4. Професионална деверуша

Секогаш деверуша… никогаш невеста. Професионалната деверуша е всушност е со невестата низ целиот процес и добива пари за тоа. Замислете ја целата бесплатна храна, пијалаци и фустани?

5. Пишување пораки во колачињата на среќата

Што мислите, од каде потекнува вашата среќа… од самовилите на колачињата за среќа? Колку би било забавно да го работите ова? „Ќе бидете повторно гладни за еден час“ е една од најзабавните пораки кои може да ги напишете.

6. Фотограф на свадби на далечни дестинации

Доловувајќи ги најсреќните моменти во животот на заљубените парови сигурно е интересно искуство. Но, патувањето на најубавите места во светот за да го правите тоа? Уште поинтересно. Со оваа професија ќе паувате на најразлични егзотични дестинации и ќе бидете платени за задоволството!

7. Дизајнер на суштества

Дали ви се случило да гледате некој научно фантастичен филм или хорор и да помислите – на кого му текнало да создаде вакво чудовиште? Тоа може да бидете вие!

8. Тестер за секс играчки

На сите ви е јасно за што станува збор, а добивате околу 15.000 фунти.

9. Одржувач на рајски острови

6 месеци грижење за некој од егзотичните острови, живеење во вила покрај океанот со базен и заработка околу 110.000 долари.

10. Означување на содржината на Нетфликс

Како ви звучи идејата да гледате ТВ и да бидете платени за тоа? Токму тоа е работата на означувачот на програмата на Нетфликс. Означувањето вклучува пишување зборови кои го опишуваат филмот или телевизиското шоу сѐ со цел пребарувањето на содржината да биде поуспешно.