Категории

Ова се најсмешните најскапи работи во светот

Додека некои богаташи вишокот пари ги плаќаат на сметките на хуманитарни организации, има и такви кои сакаат да ги трошат парите на непотребни ситници.

Ви претставуваме шест претерано скапи работи без кои многу лесно можете да си го замислите животот.

1. Hello Kitty фигура

Познатото маче од јапонските цртани го освои светот како епидемија. Страствените колекционери се подготвени да дадат дури 163.000 долари на фигура украсена со благородни камења.

2. Пица со кавијар

2

Најскапата пица во светот е продадена во пицеријата “Нинос Белисима Пица” во Њујорк. Едно парче чинело 125 долари, а филот се состоел од лосос, лук и четири видови на кавијар.

3. Ташничка од платина

3

Дизајнерската компаниија “Гинза Танака” во 2007 година во Токио ја претстави ташната направена од чиста платина, украсена со благородни камења, која чини 1,6 милиони долари.

4. Најскапата текила

4

Замислете колку пари треба да имате за да потрошите 225.000 долари на алкохол. Токму толку чини платинестото шише на текила која во 2006 година ја купил еден приватен колекционер од Мексико.

5. Телевизор од бело злато

5

LCD телевизорот “Yalos Diamond” чини 130.000 долари. Украсен е со бело злато и брилијанти од 20 карати.

6. Дијамантска кесичка чај

6

Британската златарница “Budls” направи дијамантска кесичка чај, во чест на 75-та годишнина на производителот на чај “PG Tips”. Станува збор за рачна изработка, а кесичката е украсена со 280 дијаманти, што ја објаснува цената од 14.000 долари.

Прегледи:
391
Категории:
Занимливости
Објавено на:
28.01.2016