Ова се најубавите кралски фризури кои може да ги направите и на вашата коса! (ФОТО)

Ви ги претставуваме најубавите кралски фризури кои може да ги носите секој ден, во склад со своите години, личниот вкус и пригодата, изберете ја онаа која најмногу ви одговара.

За дамите кои преферираат едноставен изглед, препорачуваме богати но скротени локни. Волуменот на косата е она што ќе придонесе да се добие раскошен изглед, а природниот изглед на локните нота елеганција.

Доколку станува збор за формална пригода, определете се за ниска пунџа каква што сака да носи Кејт Мидлтон, а ако станува збор за прошетка или извршување на секојдневните обврски, доволно е косата да биде чиста, убаво обликувана со помош на четка, или додадете некоја едноставна шнола.

 

Ако сте пак, љубител на модата и ги почитувате трендовите, за вас идеални се фризурите на Меган Маркел. Елегантно репче или пак неуредна пунџа, зависно од вашето расположение е вистинскиот избор. За свечено издание доволно ќе биде косата да ја обликувате со благи бранови или природни локни.

Доколку сте дама во четириесеттите или педесеттите години, а притоа сакате едноставна елеганција, за вас се идеални фрозурите на ненадминатата модна икона, принцезата Дајана. Лесно се одржуваат, а во формални пригоди доволно ќе биде изгледот да го надополните со добар шешир или некој друг аксесоар за коса.




Коментари

коментари