Ова се најважните совети за секој хороскопски знак за 2020 година

Време е да направите промени во вашиот живот!

ОВЕН

Совет за 2020. година: Не брзајте, чувајте ја енергијата и практикувајте методи за опуштање како медитација и јога. сега е време да ги разработите и реализирате идеите за кои размислувате веќе некое време и да ги зацврстите односите со луѓето кои ви се важни. Може да очекувате многу помирна и поплодна година, бидејќи хаотичниот Уран по седум години конечно го напушта вашиот знак.

Најдобра одлука: Бидете трпеливи.

Најсреќен број: 9

 

БИК

Совет за 2020. година: Избегнувајте склоност кон опсесивно однесување и научете нови начини да се опуштите, гответе од задоволство, одгледувајте зачини и билки, прочистете го просторот. Не го затрупувајте умот со тривијалности – обидете се да го прочистите запишувајќи ги мислите на лист. Бидејќи Уран влезе во вашиот знак, може да очекувате желба за нови проекти, свежи идеи, па можеби и промена на работата.

Најдобра одлука: Да излезете од комфорната зона.

Најсреќен број: 6

 

БЛИЗНАЦИ

Совет за 2020. година: Обидете се да го практикувате животот во моментот, избегнувајте да се впуштате во расправи со луѓе со лоша енергија, бидете добри кон себе и во потрагата за нови начини на учење за да го негувате својот ум со знаење. Животот кој се темели врз вистина во оваа година ќе ви биде една од најважните цели. Не бидете премногу критични кон себе – пред сѐ сакајте се себеси.

Најдобра одлука: Умерено користете ги социјалните мрежи.

Најсреќен број: 5

 

РАК

Совет за 2020. година: Бидете благодарни на сѐ што сте постигнале, на сѐ што имате и на она што сте. Обидете се негативноста да ја преобразите во позитивност и да верувате во добрината на луѓето. Конечно ќе добиете можност да ја исчистите кармата од минатото менувајќи ги токсичните навики. Оваа година „немилосрдниот“ Сатурн по три години го напушта вашиот знак, а тоа ќе ви го врати оптимизмот.

Најдобра одлука: Бидете јасни и гласни.

Најсреќен број: 1

 

ЛАВ

Совет за 2020. година: Дајте си љубов на себе и на другите без очекувања, бидејќи така ќе избегнете неволји. Играјте, свирете и преку движења пуштете ја енергијата од срцето да тече. Обидете се сопственото его да го ставите во втор план. Оваа година ќе бидете исполнети со енергија од спротивен знак од вашиот, воден знак. Колку повеќе им давате на другите без да очекувате нешто за возврат, толку ќе бидете посреќни.

Најдобра одлука: Штедете пари.

Најсреќен број: 1

 

ДЕВИЦА

Совет за 2020. година: Запрашајте се себеси „дали е ова навистина важно?“ пред да почнете премногу да анализирате и паничите. Опуштете се и внесете во својот живот повеќе смеа и среќа. Ова е добра година да ги остварите целите и проектите кои ги планирате. Земјените знаци ќе бидат особено активни во 2020 година, што ќе ве мотивира сѐ додека не дозволите стравот од критики и преголемата потреба за контрола да ве ограничат.

Најдобра одлука: Да заземете став.

Најсреќен број: 5

 

ВАГА

Совет за 2020. година: Работете на тоа сите аспекти од животот да ви бидат во рамнотежа, избегнувајте го занемарувањето на сопствените потреби и сомасовеста и присвојувајте здрави животни навики. Важно е да ги решите сите недоразбирања со другите и да избегнувате ситуации кои енергетски и потсвесно ќе ве исцрпуваат. Насочете ја сопствената енергија околу себе, во домот и на работа, за да владее мирно опкружување и компромис.

Најдобра одлука: Повеќе вежбање.

Најсреќен број: 6

 

ШКОРПИЈА

Совет за 2020. година: Не им замерувајте на другите и помогнете им на оние кои не можат сами, бидете емпатични, оставете го минатото во минатото и продолжете понатаму. Ќе добиете енергија од Марс, планетата на привлечноста, а особено нагласена ќе биде вашата интуиција на која оваа година можете многу да се потпрете.

Најдобра одлука: Користете повеќе зборови.

Најсреќен број: 9

 

СТРЕЛЕЦ

Совет за 2020. година: Соочувајќи се самите со себе, животот ни дава можност да растеме. Тоа ќе ја зајакне вашата душа и ќе ве осигура дека сте на вистинскиот пат. Избегнувајте преголемо уживање и бидете умерени. Влегувањето на Марс во вашиот знак ќе биде можност повторно да се поврзете со длабоките аспекти на вашиот карактер и внимателно да го слушате своето срце.

Најдобра одлука: Полнете се со енергија.

Најсреќен број: 3

 

ЈАРЕЦ 

Совет за 2020. година: Вежб ањето и излетите во природа далеку од градскиот метеж и секојдневието ќе ви помогнат да го одржувате високото ниво на серотонин. Изминативе неколку години беа прилично предизвикувачки, а во 2020. научете да ги прифаќате случките од минатото и да продолжите понатаму благодарение на Јупитер, планетата на среќата, која цела година ќе биде во вашиот знак. Полесно ќе го пронајдете внатрешниот мир и задоволство.

Најдобра одлука: Најдете некое ново хоби

Најсреќен број: 8

 

ВОДОЛИЈА

Совет за 2020. година: Нека вашата спална соба биде ваше прибежиште во кое ќе пронајдете мир по скеојдневните обврски. Создадете во неа мирно и релаксирачко опкружување, исклучете го мобилниот и негувајте го умот со помош на медитација, музика и уметност. Во 2020. влегуваме во нов период за Водолиите, какво што не сме имале од 1960-тите, па може да очекувате големи и возбудливи животни промени. Внимавајте да не изгорите од толкаво возбудување – научете да препознавате кога ви е потребен одмор и направете пауза.

Најдобра одлука: Избгенувајте премногу да се критикувате себеси.

Најсреќен број: 8

 

РИБИ

Совет за 2020. година: Внимавајте редовно да го храните својот дух и да ги изразувате своите емоции преку креативни медии како уметност и музика, практикувајте духовност како облик на самосвест. Во 2020. година ќе можете да бидете свои и тоа ќе биде фантастично. Ви се отвораат можности да остварите неверојатни планови, ова е година во која вашата потреба за мечтаење и фантазирање ќе биде истакната, бидејќи ќе се покаже дека соништата никогаш не се преголеми за да не можат да се остварат.

Најдобра одлука: Не им замерувајте на луѓето за секоја ситница.

Најсреќен број: 3




Коментари

[fbcomments]