Ова се петте најголеми песимисти во Зодијакот

Јарците се уверени дека поголемиот дел од добрите дела се мотивирани од сопствената корист, а Биковите ги вади од такт глумењето радост и среќа. Шкорпиите сметаат дека сите лажат, а Рибите дека кога говорат треба да бидете насмеани.

Јарец

На Јарците им треба многу време за да се отворат и да почнат да веруваат некому, што е една од главните причини зошто се толку цинични. Тие имаат тенденција да веруваат во најлошото кај луѓето, а ќе го променат мислењето дури кога некој ќе направи нешто сосема спротивно и ќе ја докаже својата добрина, без скриени мотиви.

Родени песимисти. Јарците сметаат дека поголемиот дел од луѓето се мотивирани од личниот интерес, и дека многу ретко прават нешто за да му помогнат на другиот и да го усреќат. Тој секогаш бара причина зошто некој нешто направил, скриени мотиви и лична корист за секој добар чин.

Бик

Ако Бикот види уште едно запросување на некоја социјална мрежа, ќе почне да вришти. И не се работи за тоа дека не верува дека другите се среќни, туку им е доста од тоа туѓата среќа да им се турка под нос.

Тие не сакаат да се фокусираат на негативното, туку би сакале да видат малку вистински и искрени човечки емоции, а не извежбани реакции и одговори објавени само за да поттикнат љубомора кај другите. На Биковите би им било многу полесно кога луѓето би биле она што се, а не секогаш да глумат среќа.

Девица

Девиците се толку песимистични што тоа влијае дури и кон нивната перцепција за себеси. Не знаат како да се носат со комплиментите, без обзир колку се искрени, па често ги игнорираат, насмевнувајќи се и прекинувајќи го контактот со очите.

Кога се прифаќа комплиментот на соодветен начин, не би требало да се бараат скриени мотиви во тоа. Понекогаш комплиментот е само комплимент, а не начин на манипулација.

Риби

Рибите ретко се смеат и посочувањето на таа нивна карактеристика може да им биде многу непријатно и иритантно. Овој знак нема проблем со процесуирањето на своите емоции и ако чувствуваат потреба – ќе се насмеат.

Никој ним не може да им нареди да се смеат или глумат дека се среќни, ако се чувствуваат добро ќе го покажат тоа, ако се чувствуваат лошо – исто така ќе покажат. Инаку, имаат тенденција да не им веруваат на луѓето кои не ја тргаат насмевката од своето лице, па тешко дека некој ќе ги натера да се насмевнат доколку не сакаат.

Шкорпија

Припадниците на овој знак сметаат дека луѓето постојано лажат и дека повеќето работи кои им ги кажуваат се глупости. Тие се толку песимистични што во повеќето случаи кога започнуваат разговор уверени се дека соговорникот лаже, без разлика што им говори.

Многу е тешко да пронајдете заеднички јазик со некој кој на луѓето не им верува ниту збор, па поради тоа не ени чудно што Шкорпиите имаат многу малку пријатели, тесен круг на познаници и многу луѓе со кои имале „социјален контакт“.




Коментари

коментари