Ова се психолошките придобивки од вежбањето кои се многу значајни за менталното здравје

Американскиот Центар за контрола и превенција на болести, препорачува минимум два и пол часови умерена физичка активност во текот на една недела. Со обзир на брзината на животот, не е лесно да се пронајде време ни енергија за редовно тренирање, па затоа и не е зачудувачки податокот дека 80% од возрасните луѓе не ги исполнуваат тие основи препораки.

Сосема е сигурно дека сте свесни за физичките бенефити од вежбањето, но и психолошката страна е еднакво важна. Редовните тренинзи пред се помагаат да се поправи расположението и да се подобри сонот.

Го подобрува расположението

Неколку неодамнешни студии сугерираат на тоа дека без обзир дали дигате тегови или се занимавате со некој спорт, вежбањето ја намалува анксиозноста и го унапредува сеопштото ментално здравје. Истражувањето во кое учествувале 8.000 холанѓани на возраст од 16 до 65 години, открило дека луѓето кои вежбаат редовно, чувствуваат поголемо задоволство и среќа во својот живот во однос на оние кои не практикуваат физичка активност.

Го намалува стресот

Вежбањето помага да се редуцира нивото на стресот, но и ја подобрува способноста полесно да се носиме со ситуации кои се во ментална смисла предизвик. Вежбањето претставува своевидно затегнување на мозокот, така што стресот сам по себе има помало влијание на човековиот организам.

 

Ја гради самодовербата

Како додаток на доброто расположение, редовното вежбање влијае врз градењето на поубава слика за сопственото тело. Без разлика дали тоа е резултат на физичката промена на телото или е последица на гордоста сами на себе поради успешниот тренинг, тој има исклучително влијание врз самодовербата.

Подобар сон

Како што знаеме – повеќе сон значи повеќе енергија во текот на денот. А токму редовниот тренинг го регулира распоредот на спиење. Младите луѓе кои тренираат интензивно неколку часа пред спиење, имаат многу подобар сон од оние кои воопшто не тренираат или вежбаат со умерено темпо.

 




Коментари

[fbcomments]