Категории

Ова се ситиниците кои мажите ги обожаваат во текот на сексот

Како што постојат омилени нешта кај жените, така и мажите имаат список на омилени активности во текот на сексот, кои максимално ги возбудуваат. Неколку мажи откриваат што е она што најмногу ги привлекува во креветот и кои потези се секогаш добредојдени од страна на партнерката.

Поглед

„Ние сме повеќе визуелни типови. Затоа сакаме пози во кои можеме добро да видиме што се случува. Мојата жена веќе и не чека да и кажам која поза ми е на памет, туку знае дека најмногу сакам да и го гледам телото“, Томислав (42).

Изненадете го

„Во текот на летувањето девојка ми ме однесе на скриена плажа и ми овозможи моменти за паметење. Не велам дека секогаш треба да правите такви работи, но дефинитивно сакаме секакви видови изненадувања“, Златко (33).

Покажете му што сакате

„Секогаш со задоволство прифаќам наредби. Сакам кога девојката кажува или покажува што сака, што и одговара, што сака да и правам. Преземањето иницијатива е секси, а јас сум тука да и угодам во потполност“, Марко (29).

Бидете гласни

„Верувале или не, мажите се всушност доста несигурни во кревет, дури и кога знаат што прават. Затоа ни е важно да имаме аудио потврда дека жената ужива. Тогаш навистина знаеме дека го правиме она што треба“, Јаков (39).

Запалите светло

„Жените секогаш се оптеретуваат со тоа дали добро ги избричиле нозете, создаваат драма околу салото на стомакот или целулитот на бутовите, поради што честопати го гасат светлото, а за нас е тоа неважно. Тоа се работи кои воопшто не ги забележуваме. Едноставно сме возбудени поради сѐ што се случува и само сакаме да уживаме во целото тело на нашата партнерка. Затоа нема ништо подобро од секс со запалено светло“, Филип (34).

Прегледи:
529
Објавено на:
15.03.2019