Ова се тајните кои мажите ги кријат од жените

Да, и тие имаат мали тајни кои не ги откриваат пред своите партнерки.

Ја загледуваат секоја жена која поминува

Мажите секогаш ќе ги загледуваат убавите жени. Тоа е во нивната природа и не може да се избегне.

Сакаат поддршка

Потребна им е емоционална поддршка како што им е потребна и на жените – тоа е важно за секого и во секоја ситуација. Ритамот на денешното живеење и емотивниот стрес не создаваат никакви разлики помеѓу половите.

Потребно им е да не прават ништо

Можеби звучи неочекувано, но тие не сакаат да водат, да донесуваат сериозни одлуки и одговорност за последиците. И тие сакаат да имаат време за себе поминато во мир и тишина.

Мажите размислуваат глобално

Едноставно прифатете дека не обрнуваат внимание на деталите. Жените премногу често се сконцентрирани на ситници, што ја одзема целата радост и спонтаност во одреден момент.




Коментари

коментари