Ова се топ 5 модели на патики совршени за ова лето

Кога станува збор за патики, наназад неколку сезони тие се наоѓаат во центарот на модните трендови. Нивната тајна се крие во совршениот спој со лежерниот изглед, практичноста и едноставноста која ја внесуваат при секојдневниот избор на гардероба.

Освен тоа, неверојатно се удобни. По моделите кои ги одбележаа студените месеци во годината и ги надополнуваа есенските и зимски комбинации, пролетта и летото ви носат нови освежувачки изданија. Популарните спортски брендови лансираа феноменални спортски и кежуал модели на кои е тешко да им одолеете.

Пума Баскет

Овие патики откако се вратија во мода, освојуваат поради дебелиот ѓон и нападните врвки. Едноставно се откачени.

 

Адидас Суперстар

Веројатно сите го обожаваме овој модел на патики, а оваа сезона најпопуларна е пастелно розевата нијанса. Овие патики одлично се вклопуваат буквално во секоја комбинација.

Најк Кортез

Кортез моделот на патики е тесен и визуелно ги издолжува стапалата, па поради тоа изгледаат поелегантно.

Ванс Олд Скул

Класичен модел кој може да сее комбинира со секоја облека и прита да изгледате кул. Може да се пронајде во сите бои и материјали.

Адидас Газел

Класичен моде, не се гломазни и совршено прилегаат на ногата. Одговараат дури и со здолништа и фустани.

 




Коментари

коментари