Категории

Ова се трите најчести грешки кои ги прават жените при шминкањето

Освен што праксата ги усовршува нашите вештини во сѐ, а истото важи и за шминкањето, важни се и деталите кои можат да нѐ спречат во тоа. Откако ќе ја пронајдете идеалната шминка која ви одговара, многу е важно да ги знаете и грешките кои можат да ве оддалечат од вашата визија за совршена шминка.

1. Погрешна нијанса на моливче за усни

Пред сѐ важно е да знаете дали ви одговараат топли или ладни бои. Откако ќе го дознаете тоа, моливчето за усни би требало да го бирате во склад со бојата на вашите усни. Таа би требала да биде една нијанса потемна од вашата природна боја на усни, особено ако ги исцртувате надвор од природната граница. Ако станува збор за кармин во боја, одберете некое моливче за нијанса потемно од карминот за да создадете суптилен омбре ефект кој ќе им даде волумен на вашите усни.

2. Лош избор на коректор

Доколку ви е потребен коректор за прекривање на подочници, никако не посегнувајте по оние кои ветуваат мат ефект. Деликатната кожа околу очите бара постојана хидратација па затоа дури и да имате масна кожа, изберете хидратантен коректор со боја на праска или жолтеникав подтон.

3. Нередовното чистење на четката за шминкање

Токму оваа грешка може да биде причина за појава на акни и воспалувања на вашата кожа. Бактериите кои се собираат во остатоците од производите на четката се многу неповолни за вашата кожа, па поради тоа треба да ги чистите барем еднаш неделно.

Прегледи:
467
Објавено на:
05.12.2018