Ова се ѕвездите коишто се најдоа на листата познати со најлоши заби, меѓу нив Мадона, Џони Деп, Роналдо, Линдси Лохан и многу други!

Вистина е дека познатите личности се подготвени да фрлат огромна сума на пари, сѐ со цел да изгледаат совршено. Но, очигледно постојат и онакви коишто не трошат многу пари за поправка на забите.

Забите на овие познати ѕвезди предизвикаа огромна контраверзија во јавноста. На нивната вилица можат да се забележат огромни празнини помеѓу забите, кариес и жолтило, а сите се прашуваат зошто овие ѕвезди едноставно не ги корегираат своите несовршености? Погледнете ја галеријата на ѕвездите коишто имаат сѐ само не совршена насмевка.

Џони Деп

Ванеса Парадис

Мадона

Чарли Шин

Том Круз

Сепак забите се дел од нашето здравје и се многу важни за одржување на нашата хигиена, а стоматолошките проблеми на овие ѕвезди е многу тешко, а да не се забележат. Веројатно затоа ѕвездите како Роналдо и Зек Ефрон, коишто важат за едни од најсексапилните мажи во светот, сакајќи да го одржат нивото на публицитет, а истовремено да ја оправдаат укажаната доверба од страна на публиката, решиле да направат корекции на своите заби. Корекции на забите направила и познатата глумица, пејачка, бизнисменка и модна дизајнерка Линдси Лохан, а веројатно сите ќе се сложиме дека таа вака изгледа многу подобро.

Линдси Лохан

Кристијано Роналдо

Зек Ефрон

Извор : Точка




Коментари

коментари