Тилан Блондо сега има шеснаесет години, а на само 6 години беше проглесена за најубаво девојче на светот. Сега сите се во потрага по некој кој ќе го замени нејзиното место.
Нејзиното место сега го зазеде Анастасиа Књазаева, која има шест години и потекнува од Русија. Таа веќе има голем број на фанови кои се восхитуваат на нејзиниот изглед кој се споредува со кукла.
Анастасиа е успешен детски модел кој веќе има учествувано во неколку кампањи за руски брендови и сега е именувана за најубавото девојче на светот, следејќи ги стапките на Блондо.
Руската кукла има повеќе од 500.000 следбеници на профилот на Инстаграм кој го води нејзината мајка Ана, која редовоно објавува фотографии од фотосесиите.