Оваа апликација ќе препознава дали има бактерии во храната

Постојат малку методи со кои може ефикасно да се спречи труење од храна. За да ја тестираме храната од некои штетни бактерии потребна е специјална опрема и потребни се до два дена  за да добиеме резултати.

За таа цел, научници од Универзитет во Масачусетс во САД, развиле апликација за паметни телефони која го предупредува корисникот на присутност на бактерии во храна. Со користење на оваа апликација, резултатите околу присуство на патогени бактерии пристигнуваат за многу помалку време отколку што обично е потребно.

Уредот користи чип премачкан со хемикалии, кои се поврзуваат и со најмалата количина на бактерии. За жал оваа апликација се уште не прави разлика меѓу добри и штетни бактерии. Поради тоа, тие ја продолжуваат својата работа во пронаоѓање на техники кои се во состојба да откријат специфични видови бактерии.




Коментари

коментари