Категории

Оваа боја никогаш нема да ја видите на ниту едно знаме на светот

Знамиња на држави има во најразлични бои, украсени со секакви елементи, како орел, ѕвезди, змејови, сонце како што е македонското, а има знамиња многу слични меѓу себе, па некогаш доведуваат до забуна кое на која држава е.

Меѓутоа, ако добро ги препознавате боите и грбовите, сигурно сте забележале една работа, а тоа дека на ниту едно знаме ја нема виолетовата боја.

Причината за тоа е што меѓу останатото, виолетовата боја во минатото била многу скапа. Во старите времиња таа се добивала од посебни видови на морски полжави од Медитеранот. Било потребно повеќе од 10.000 полжави за само еден грам боја.

Поради тоа оваа боја била ценета како и злато, пишува порталот „Quora.com“. Виолетовата боја во поголемиот број од случаите ја поврзувале со кралските семејства, затоа што единствено тие имале услови да ја носат.

Кралицата Елизабета во 16. век наредила виолетовата боја дека смеат да ја носат само членовите на кралското семејство. И никој освен нив. Меѓутоа, оваа боја понекогаш била скапа и за самите владари.

Римскиот император Аурелије и забранил на својата сопруга да купи свилен виолетов шал, затоа што едно шишенце виолетова боја чинело три златни полуги, што денес би изнесувало околу 50.000 евра.

Престижниот статус на лилјаковата боја се променил тек во 1856 година, кога студентот од британскиот универзитет, Вилијам Хенри Перкин, обидувајќи се да пронајде лек за маларија, случајно открил како да произведе синтетичка виолетова боја.

Со тоа нејзиното производство било значително олеснето, виолетовата боја станала достапна за сите, па не чуди што станува многу почеста некаде околу 1900 година, а сега е и една од попопуларните, посебно кај понежниот пол.

Прегледи:
1288
Објавено на:
07.09.2018