Пикси Фокс е зависна од пластични операции, а тоа не го крие! Оваа 28- годишна девојка обелоденила дека имала повеќе од 200 различни интервенции на себе, а сѐ со цел да потсетува на ликовите од цртаните филмови. Но, изгледа ќе мора да стави крај на нејзината опсесија бидејќи пластичните хирурзи решиле да и кажат „Доста е“!
Фокс на Инстаграм е позната како „жив цртан лик“, а само во изминатите неколку месеци ја корегирала вилицата, но и ушите за да и личат на самовила, исто така извршила трансплатација на трепки користејќи срамни влакна. На сето тоа, ја редизајнирала и својата вагина.
View this post on Instagram
„Знаете како изгледа вагината на една кукла. Мојата сега е како невин цвет“, се пофалила Пикси.
Последно во низата барања било повлекување на линијата на косата надолу, на што докторите и кажале дека мора по секоја цена да престане со естетските зафати. Писки, наспроти критиките тврди дека е горда на својот изглед.
View this post on Instagram
„Никогаш не се чувствував како човечко суштество. Повеќе бев вила, како митско суштество. Се гордеам со сите мои зафати досега и сметам дека изгледам преубаво. Имам ново лице и тело, тоа е навистина многу“, објаснила и открила кои сѐ корекции ги има направено на себе.
View this post on Instagram
„Ги намалив јагодичните коски, ја центрирав брадата, ја намалив вилицата, така што ја поминав целосната реконструкција на коските на лицето. Беше многу ризично, па хирурзите мораа да бидат многу внимателни бидејќи на лицето има многу нерви и мускули“, рекла Пикси.
View this post on Instagram
Прв пат отишла под нож во 2011. година, кога го започнала магичниот круг на поправки, операции и различни третмани. Помеѓу останатото, ги зголемила и градите, имала две липосукции, го подигнала задникот, ја менувала положбата на веѓите и бојата на очите.
View this post on Instagram
Инаку, таа моментално работи на сопствената серија од книги кои се бават со лик на суперхероина, а се надева дека еден ден сите зафати ќе и се исплатат и ќе стане попозната и од прочуената хероина Wonder Woman.
View this post on Instagram