Оваа држава во срцето на Европа е како од бајка: Безбедна е, нема војска и имаат само еден полупразен затвор!

Лихтенштајн е уставна монархија на чие чело е кнезот на Лихтенштајн, а владејачкото семејство сѐ уште живее во замокот изграден во 12. век.

Лихтенштајн прослави 300 години од своето основање. Оваа мала кнежевина сместена помеѓу Австрија и Швајцарија, по бројот на жители е шестата најмала земја во светот.

Оваа држава има еден тунел и железничка станица и пруга долги 9.5 км. Во неа живеат околу 38.000 жители кои немаат обичај да ги заклучуваат своите врати од домовите, бидејќи живеат во земја со најмала стапка на криминал во светот. Последното убиство се случило пред 20 години.

Имаат само еден затвор, а затворениците кои се осудени на повеќе од 2 години затвор казните ги издржуваат во Австрија. Поделена е на 11 општини, а во главниот град Вадуц е стациониран финансискиот сектор.

Заедно со 25.000 жители на Лихтенштајн, 13.000 странци го осигурале престижното право на живеење во оваа земја. Секоја година се доделуваат само десетина дозволи за престој, поради што околу 20.000 луѓе, повеќе од половина од оние кои се вработени во кнежевината, мораат да живеат во Швајцарија или Австрија.

Лихтенштајн е членка на Обединетите Нации, Европското здружение за слободна трговија и Советот на Европа, иако не е член на Европската Унија, учествува во Шенген зоната и Европскиот економски простор.

Оваа земја мудро се држи надвор од светската политика, ретко се спомнува во медиумите иако е туристичка дестинација. Како планинска земја, претставува и атрактивна спортска дестинација.

Во Лихтенштајн има околу 250 км асвалтирани улици, со 90 км обележани велосипедски стази. Официјалниот јазик е германскиот, додека швајцарскиот го разбираат и говорат поголем дел од граѓаните.

Според уставот католицизмот е официјалната државна религија и имаат само еден бискуп. 15 банки со лиценца во Лихтенштајн се вклучени во управувањето со имотите. Најголемата банка, ЛГТ ја поседува кнежевското семејство.

Во споредба со бројот на жители ниедна земја нема толку компании како Лихтенштајн, дури една на секој осми жител. Се држат подалеку од сите неволји, а последен пат учествувале во војна во 1866. година. Поради тоа војската не е потребна.




Коментари

коментари