Категории

Оваа Македонка имаше 12 т.н. бракови, а мажите лудуваа по неа: И денес е вистинска УБАВИЦА! (фото)

Оваа пејачка има моќен глас и неверојатна енергија која трае веќе 46 години. Таа не се појавува многу во јавноста, но и денес е вистинска убавица, како и некогаш.

Многумина Маја Оџаклиевска ја паметат како жешка црвенокоса, а сега таа изненади и се бојадиса руса.

Важно ми е дека и покрај тоа што не сум присутна на сцената во продуктивна смисла, сепак како евергрин останав да живеам помеѓу народот. Мене тоа ми претставува задоволство со оглед на тоа дека пазарот сега е покриен со работи кои мене не ми се допаѓаат.

Маја проговори и за нејзиниот приватен живот.

Имав 12 таканаречени бракови. Но кога ќе дојде оној миг на напорно однесување кој не ми се допаѓа, јас им ги пакувам работите во ќесе за ѓубре и им велам дека им се надвор. Чао, збогум и нов брак, изјави таа.

Погледнете како изгледа Маја како русокоса!

Извор : Вистина.мк

Прегледи:
376
Објавено на:
04.03.2017