Оваа музичка група е побогата од кралицата Елизабета! (ФОТО)

Британскиот рок состав „Queen“ ја надмина и британската кралица Елизабета кога станува збор за богатството.

Трите преостанати членови од бендот Брајан Меј, Роџер Тејлор и Џон Дикон како група се побогати од британската кралица. Трите рокери заедно поседуваат богатство од 445 милиони фунти, што е околу 522 милиони евра, додека кралицата Елизабета II има богатство од 370 милиони фунти, односно околу 434 милиони евра.

Овие музичари заработиле голема сума на пари по прикажувањето на филмот „Боемска рапсодија“ од 2018. година. Благодарение на овој филм тие заработиле по 33 милиони долари.




Коментари

коментари