Оваа навика може да ви го уништи првиот состанок

Послушајте го овој совет доколку сакате некого да импресионирате уште на првиот состанок

Анкетата која ја спроведе британската фирма за истражување на пазарот – “YouGov”, покажа дека користењето на мобилниот телефон е најлошо нешто што можете да го направите во текот на љубовниот состанок и тоа го сметаат и двата пола.

Дури 70 посто од мажите и 80 посто од жените кои учествувале во анкетата се сложиле дека праќањето пораки, сликањето на храна и пијалок, објавувањето на друштвените мрежи и било каков друг начин на користење на мобилниот телефон во текот на дејтот, било одбивно и една од клучните причини поради кои не би пошле на вторт дејт со таа личност.

На второ место се измамливите фотографии на социјалните мрежи и тоа го сметаат дури 52 отсто од машките и 43 отсто од женските испинаици, додека третата неизбежна причина е гласно жвакање на храната, избегнување на плаќање на сметката, молчаливост и мрзоволност.
Па доколку сакате вашиот љубовен состанок да продолжи кон втор и веќе во нешто посериозно, обидете се строго да ги избегнувате овие работи.




Коментари

коментари