Оваа недела #ИзлезиИДиши на Скопска Црна Гора

Доколку ви е смачено од градот и не знаете каде или пак немате друштво да избегате на прошетка на некоја планина, оваа недела на 12ти март сте поканети на иницијативата #ИзлезиИДиши која ја организира еколошко – планинарското друштво  I love hiking – group Macedonia на Скопска Црна Гора.

Локацијата е блиску до градот, турата е лесна, а потребна е само желба за малку планинарење.

Описот на турата е следен: 

  • Почетна точка на турата е с. Побожје, 570 мнв.
  • Искачување до врвот Пржар, 1625 мнв.
  • Се совладува висинска разлика од 1100 мнв (Водно и пол, со тоа што Водно е пострмно).
  • До врвот се движиме преку месноста Две Реки и с. Бродец. Потоа се симнуваме до Спирова Колиба за да се измиеме на изворот, но и да се подружиме и да полежиме :)

За настанот може да дознаете повеќе на овој линк, а автобуската линија „61“ која поаѓа од Транспортниот центар во 06:45 часот ќе не одведе до стартната точка.

I love hiking – group Macedonia  ве поканува на чист воздух и убава дружба. 




Коментари

коментари