Оваа пролет се „ин“ силните бои на сенки за очи

Ако преферирате умерена или дискретна шминка, оваа пролет и лето заборавете ги старите нијанси на кои сте навикнати затоа што се ќе биде во знакот на силните бои, па и сенките за очи.

На дамите со смеѓи очи најдобро ќе им прилега зелената боја која се препорачува во сите нијанси, но добар избор е и сината сенка. За синооките се препорачуваат бронзени и розеви нијанси. Зелените очи највеќе ќе дојдат до израз ако се нагласат со црвена сенка, а за вечерно излегување се советува сината боја која на очите им дава гламурозен изглед.

Доколку црвената боја е премногу силна за вашиот стил и вкус, можете да одберете помалку упадлива боја- како што е жолтата, која можете да ја нанесете во тенок слој, или па смеѓата сенка. Бидете храби и блеснете во силните бои оваа пролет.




Коментари

коментари