Категории

Оваа снимка која смирува е вистински хит на интернетот

Верувале или не, видеото кое прикажува сечење на домати има повеќе од 100.000 прегледи на YouTube, а многумина коментираат дека ова видео ги опушта и смирува.

Инаку, оваа снимка е ASMR (autonomous sensory meridian response), феномен при кој телото реагира на визуелни или аудио стимуланси, и е само едно од видеата на “обратна терапија” на YouTube каналот “Wryfield Lab”. Постојат и видеа од сечење на пиперка, киви… и верувале или не, исто така имаат голем број на прегледи бидејќи луѓето тврдат дека тоа ги опушта.

“Многу е релаксирачки да се гледа и слуша ова”, е еден од коментарите на видеото од сечење на домати.

Видеото го направил Линас Лакавицијус (34) од Литванија и вели дека му е драго што тоа видео го гледаат луѓето ширум светот.

Тој на YouTube, како што вели, случајно нашол некои ASMR видеа, кои му се допаднале многу па решил и самиот да сними неколку, па се почнало така.

Додека илјадници гледачи ширум светот тврдат дека ваквите снимки ги опуштаат, Линас вели дека него најмногу го опушта процесот на правење на видеата.

Прегледи:
338
Категории:
Видео · Секојдневие
Објавено на:
16.03.2016