Категории

Оваа среда ќе се одржи 23-тото издание на Бизнис Кафе

Оваа среда, на 17-ти мај, со почеток од 18:00 часот во Брик Бар (Парк хотел) во Скопје ќе се одржи 23-тото по ред издание на најпопуларниот бизнис-нетворкинг настан во Македонија.

Бизнис Кафе Македонија Ве поканува на нова бизнис-дружба, овојпат заедно и со првите луѓе на Пивара Скопје и KPMG, Г-дин Јован Радосављевиќ и Г-дин Срѓан Ранѓеловиќ, како и познатиот тренер за личен развој Г-ѓа Катерина Ангеловска. Дружењето вообичаено трае 2 до 3 часа. Првиот час од настанот е резервиран за гостите, кои во отпуштена атмосфера одговараат на прашања на модераторот и гостите, делејќи го своето работно и животно искуство, а потоа следува дел за бизнис вмрежување (speed dating) и неформално дружење меѓу сите присутни.

Организаторите ги покануваат сите оние кои се позитивно расположени и сакаат да стекнат нови деловни контакти и да поминат неколку часа во бизнис разговори и дружби, навреме да си ги обезбедат своите карти бидејќи бројот на влезници е ограничен.

Карти за настанот може да се купат електронски преку „Купи Карти за Се“ на следниов ЛИНК, или на сите нивни физички локации, на фактура со испраќање на маил на: [email protected] или директно на трансакциска сметка: 210 – 067036660110 (назив на примач: Актива Вел ДООЕЛ – Скопје, НЛБ Банка, цел на дознака: Учество на бизнис настан).

Прегледи:
296
Објавено на:
15.05.2017