Категории

Оваа среќна билка е „магнет“ за пари: Водете сметка каде ја чувате во домот!

Според фенг шуи ако ја ставите на вистинското место во домот, оваа мала билка ќе стане вистински магнет за позитивна енергија.

Среќниот бамбус или Dracaena Sanderian изгледа како бамбус, во всушност не е од тоа семејство. Многу е декоративна – има долги рамни стебленца на кои никнуваат долги листови. Стебленцата се налик бамбус и можат да бидат големи, но по фенг шуи се поделотворни оние со малите стебла.

Оние кои веќе ја имаат оваа билка и кои го искусиле нивниот дар треба редовно да ги поткаструваат стеблата – бидејќи на тој начин се насочува енергијата на билката и подолго време ќе биде здрава.

Спред фенг шуи стебленцата на бамбусот имаат различно значење кога станува збор за привлекувањето на богатство. Се верува дека три стебленца претставуваат среќа и долг живот. Додека пет или шест стебленца носат пари и добра судбина, а седум – симболизираат добро здравје.


Ако го ставите бамбусот североисточно во домот или канцеларијата, се активира богатството и финансиите, но ако го ставите во источниот дел се верува дека привлекува здравје.

Прегледи:
454
Објавено на:
10.11.2021