Оваа ташна ќе биде омилена и ќе ја гледаме секаде во 2019. година!

Според сите модни предвидувања во мода повторно ни се враќа минималистичкиот дизајн. Но, тие правила не важат кога станува збор за луксузни брендови кои сепак по својот дизајн сакаат да се разликуваат од брзата мода.

Затоа, креативниот тим на модната куќа Chloé, на чие чело е Клер Вејт Келер, за оваа сезона подготви прекрасна ташна која се носи преку рамо и има елегантна метална буква С на преклопување.

Зошто токму оваа ташна ни се допаѓа?

Има каиш за носење преку рамо, има дополнителна помала рачка за носење во рака, одличен облик, како и буквата С која неодоливо потсетува на популарните Céline ланчиња со привезоци.




Коментари

коментари