Категории

Оваа вода е магична за чистењето на чевли од превртена кожа! (ВИДЕО)

Иако најчесто се користи за нега на лицето, вадење шминка… мицеларната вода, која во себе има мицели односно топчиња молекули на маслото за чистење, ја прави совршена за чистење на чевли и сандали од превртена кожа.

„Мицелите привлекуваат нечистотија и масло, па затоа можат да успеат да извлечат нечистоии од кожата, а да не ја исушат“, вели дерматологот Хадил Кинг. Поради таа причина, верувале или не, мицеларната вода е одлично решение за чистење на чевлите од антилопа.

Фотографиите од чевлите на една тинејџерка која се обидела да ги исчисти на овој начин, добиле повеќе од 36.000 лајкови, а коментарите од жени кои се обиделе со истиот трик на своите чевли, се позитивни.

„Се колнам дека мицеларната вода е направена од солзи од еднорог, бидејќи е најмагичното нешто кое сум го видела“, е само еден од коментарите.

 

Прегледи:
2109
Категории:
Видео · Секојдневие
Објавено на:
13.05.2018