ОВАА ЖЕНА ГО ПРОНАШЛА СВОЈОТ ДОНАТОР НА СПЕРМА И СЕ ОМАЖИЛА ЗА НЕГО

Една година по раѓањето на нејзината ќерка Лејла, Амина Харт го пронашла својот донатор на сперма, затоа што сакала нејзината ќерка да го запознае својот татко.

Новата мајка го пронашла донаторот, тие брзо се заљубиле, а во декември се венчале. „Така се роди романсата,“ рече Харт за ТВ серијата „Австралиска приказна“. „Кај нас златната кочија пристигна пред принцот на бел коњ, а принцот се појави малку подоцна и ѝ се придружи на приказната.“

Харт се решила за вештачко оплодување откако родила два сина кои починале поради генетска болест. Австралијанката родена во Лондон го одбрала профилот на Скот Андерсен затоа што тој се опишал себеси како среќен и здрав. Откако родила здрава ќерка, Харт, која и самата никогаш не го запознала својот татко, решила да го побара донаторот на сперма со надеж дека ќе игра улога во животот на Лејла. Харт го пронашла Андерсен преку серија истражувања на интернет врз основа на неговото име и презиме и професија, а потоа го контактирала и му пратила фотографија од Лејла. Андерсен се согласил да се сретнат.

„Беше нереално,“ рече тој. „Го гледав ова мало девојче – изгледаше како другите мои деца и како мене. Руса коса, сини очи. Бев преплавен со емоции од самиот почеток. Таа всушност не беше моја ќерка, но на некој начин беше. На почетокот не ја знаев Амина, па не покажував многу чувства.“ Андерсен и Харт почнале да поминуваат повеќе време заедно, и нивниот однос станал романтичен. „Никој од нас не го очекуваше ова,“ рече Андерсен. „Се заљубив во Лејла пред да се заљубам во Амина! Беше чудно од почетокот. Но Лејла е прекрасна. Се договоривме да се сретнуваме еднаш месечно. Се спријателивме со Амина, а Лејла почна да ме вика „тато“ и постојано доаѓаше кај мене.“

Харт напиша книга за нивната љубовна приказна наречена „Како го запознав твојот татко“, а ќе се снима и филм.




Коментари

[fbcomments]