Категории

Ваква магија се случува еднаш во илјада години: 5 работи што треба да ги направите за да се исполнат вашите желби 2.2.2020. година

Во недела нè очекува магичен ден – низата од броеви 2-2-2-2 остварува желби!

Следниот месец, нè очекува еден посебен датум – 2 февруари 2020 година!

Според нумеролозите, овој ден е навистина магичен за женската енергија. Низата од броеви 2-2-2-2 се случува само еднаш во илјада години, затоа веруваме дека магијата не треба да се пропушти и може да открие нови магични сфери во вашите животи.

Бидејќи е исполнет со енергијата на Јупитер, 2 февруари ќе им донесе на мажите добар проток на енергија, но жените во текот на овој ден ќе имаат поддршка од Универзумот во создавање на вистински и прекрасни чуда. Единствено е важно да го искористите моментот и да ја канализирате таа енергија на вистински начин.

Неколку дена пред магичниот 2 февруари, можно е да бидете исполнети со апатија и страв од промена, но ова расположение брзо ќе ве напушти.

Почнува се да се менува во согласност со единствената женска енергија и интуиција.

Еве како најдобро да ја искористите магијата 2.2.2020. година и низата од броеви 2-2-2-2:

 

  1. Совршен ден за визуелизација, сонување и остварување на желбите. Замислете дека вашите желби веќе се остварени. Визуелизацијата ќе има голема моќ на овој датум.
  2. Простете им на сите што ве повредиле во минатото и дозволете им да ги напуштат вашите спомени и душа. Не ви требаат повеќе токсични луѓе и токсични емоции што ве оптоваруваат. Сега е неопходно да ја прочистите вашата душа.
  3. Ослободете ги негативните чувства и бидете подготвени да побарате прошка. Прочистете ја вашата карма.
  4. Исфрлете jа од вашата душа зависта, љубомората и одберете ги средствата на вашиот пат кон успехот.
  5. Помогнете им на другите, поддржете ги и создадете добри дела.

 

2/2/2020 година може да биде ден на нов почеток, односно чекор кон животот што го сакате!

Прегледи:
290
Објавено на:
31.01.2020