Категории

Овие 10 имиња на кучиња означуваат среќа. Дали го има и вашето на листата?

Ова се имињата за кучиња за кои се верува дека му носат среќа и на миленичето и на сопственикот.

1. Коко

Ова шик име на своите миленичиња први започнале да им го даваат Французите и Шпанците. Се смета за среќно, бидејќи во едно долгогодишно истражување откриено е дека кучињата со име Коко биле најмалку погодени од повреди и болести.

2. Мини

Име создадено за мала женка. Како и кај името Коко, и за ова име истражувањето покажало дека носи голема среќа.

3. Шива

Ова име често се дава на женките, но одговара и за мажјаците. Шива значи среќен, па затоа се верува дека кучињата со ова име носат голема среќа и исполнет живот.

4. Лаки

Еднакво популарно и за женки и за мажјаци. Лаки значи среќен, па затоа кучето кои го краси ова убаво, опуштено име ќе биде вистински среќник.

5. Луна

Значењето на ова помалку мистично име е месечина што е исто така името на божицата на Месечината. Доколку сакате своето милениче да го наградите со убаво и среќно име, нема да погрешите доколку го наречете Луна.

6. Фреди

Вистинско име за слатко и разиграно кученце. Фреди значи мирен владетел, што значи дека на своето семејство ќе му донесе среќа и благосостојба.

7. Пени

Ова име ја означува паричната единица во валутата во Велика Британија, па се верува дека семејството кое има куче со ова име ќе ужива во материјална сигурност. А материјалната сигурност значи и добра храна за домашното милениче.

8. Феликс

Ова име често се дава на мачките, но и помеѓу кучињата името Феликс не е реткост. Тоа и не е чудно со обзир на тоа дека значи среќа и успех.

9. Скај

Име кое означува небо, но и носач на вода, што го прави многу моќно, бидејќи водата е неопходна за целиот жив свет. Ова име е унисекс, односно можете да го дадете на своето куче без разлика дали е мажјак или женка.

10. Астра

Моќно име кое значи ѕвезда и така асоцира на се што е возвишено.

Прегледи:
186
Објавено на:
21.01.2022