Овие 3 хороскопски знаци не сакаат да бидат сингл!

Едноставно, не умеат да функционираат кога се сами!

Секој хороскопски знак има некои карактеристики кои го одликуваат и го прават посебен. Некои уживаат во друштво и сакаат да наоѓаат нови пријатели. Други пак, се секогаш подготвени да помогнат и со задоволство се во цврста и долготрајна врска. За некои хороскопски знаци врската која добро функционира е најважна. Меѓутоа, доколку овие хороскопски знаци се соочат со неуспех на љубовно поле, тие најтешко го поднесуваат тоа и се најтажни.

Близнаци

Родените во знакот на Близнаци се многу друштвени личности и со задоволство шират познанства. Со нив може да се разговара во врска со се, па затоа сакаат да разменуваат искуства. Меѓутоа, без редовен контакт набргу почнуваат да се чувствуваат осамени. Така се чувствуваат и во соло фазите. Напуштени и ужасно им недостасува да имаат некој покрај себе.

Вага

Вагата е еден од најдруштвените знаци и сака контакт со луѓето околу себе. Тежнее кон хармонија и многу е грижлива. Нејзините друштвени квалитети и помагаат бргу да создава нови пријателства и врски. Но, Вагите без партнер и љубов се чувствуваат осамени и можат да бидат многу несреќни поради тоа.

Водолија

Припадниците на овој знак се опкружени со многу луѓе. Водолијата е друштвена личност и сака да патува со пријателите. Добрата групна динамика е многу важна за неа и без редовен контакт се чувствува осамено. Така и во врските. Со партнерот овој хороскопски знак е многу посреќен и полн со елан и радост.




Коментари

коментари