Овие 3 хороскопски знаци се вистински темпирани бомби!

Иако не е пожелно некој да се извлекува поради тоа што е „темпераментен“ хороскопски знак, има нешто и во ѕвездите.

Овен

Станува збор за огнен знак и затоа има краток фитиљ. Она што другите не забележуваат, тие го доживуваат како напад на своето его. Влијанието на Марс врз овој знак го прави нестрплив и може да биде агресивен. Неговите напади на бес се многу бурни, но бргу се забораваат.

Лав

Лавот е всушност поблага варијанта на Овнот. Можат да се вознемират поради ситници, но многу бргу забораваат поради што се налутиле. Секогаш тераат правда и можат рационално да ја согледаат ситуацијата. Лавот ќе попушти кога згрешил иако има свои моменти кога сака да биде по негово.

Шкорпија

Не треба многу за да се налутат. Ако се разбеснат, подготвени се на многу ниски удари. Провоцираат, навредуваат, а знаат и физички да се пресметаат со некој само за да предизвикаат бес. Некогаш ни тоа не им е доволно, па имаат потреба за освета. Долго размислуваат како да ја спроведат на дело.




Коментари

коментари