Категории

Овие 3 хороскопски знаци се зависници од мобилниот телефон

Во денешно време технологијата е сѐ поприсутна во нашето опкружување, а нејзиниот развој умее да биде многу опасен.

Близнаци

Сакаат да имаат најнови уреди и технологија, но најмногу од сѐ го сакаат интернетот. Многу време поминуваат „онлајн“ и честопати им се случува да изгубат чувство за време. Понекогаш и не забележуваат дека прескокнале оброк, дека се жедни и слично. Кога ќе се случи да им се исклучи телефонот или да немаат пристап до интернет, се чувствуваат како отсечени од светот.

Стрелец

Сигурно веќе сте слушнале за секоја нова апликација која е во тренд и многу веројатно е дека веќе сте ја употребиле. Стрелците сакаат нови нешта и чувството дека се први, особено кога станува збор за технологија.

Тие користат најразлични телефонски апликации за да резервираат авионски карти, запознаваат нови луѓе, да дознаат кои се најдобрите места за излегување и сите релевантни новости.

Овен

Овните се големи зависници од технологија и сакаат да пробаат сѐ. Бидејќи имаат многу енергија, ќе ги користат сите достапни информации и технологии за да извршат што повеќе задачи во што пократок рок. Кога се на интернет чувствуваат адреналин и екстаза. Овенот толку многу ја сака технологијата што понекогаш ја користи за да заборави на болката која ја чувствува.