Овие 5 хороскопски знаци се вистински зависници од шопинг!

Шопингот е за повеќето жени вистинска анти-стрес терапија, а личностите родени во овие знаци од Зодијакот се особено познати по тоа. Без разлика дали купуваат за себе или за другите, овие 5 хороскопски знаци веднаш ќе ги потрошат сите пари без размислување.

БИК

Овој хороскопски знак е роден хедонист и ужива во трошењето пари. Овој знак е во состојба прв да се жали дека нема пари, а следниот ден да ги спакува куферите и да отпатува на далечна дестинација. Ќе купи некоја недвижнина и барем ќе знае дека не ги потрошил парите залудно. Исто така, многу вложува во работата и изгледот, но сѐ што ќе потроши бргу му се враќа, така што ретко кога е во минус.

ЛАВ

Лавовите сакаат да си угодуваат себеси, па честопати знаат да се почестат со вечера во ресторан или да отпатуваат на некоја егзотична дестинација. Обично добро заработуваат, а дури и кога не заработуваат многу, ќе се потрудат никој да не го забележи тоа. Не се каат кога вложуваат во скапи нешта кои ги прават среќни. Токму поради тоа, секогаш изгледаат совршено и се однесуваат како да се полни со пари, иако не се богати.

ВАГА

Станува збор за знак од Зодијакот кој обожува шопинг. Уживаат во купувањето и не гледаат на ценатаа бидејќи сметаат дека парите постојат за да се потрошат. Исто така, сакаат убави и квалитетни парчиња облека и козметика. Во состојба се да си ја исполнат секоја желба и нема да чувствуваат вина ако влезат во минус поради некое скапо задоволство.

СТРЕЛЕЦ

Овој хороскопски знак не се грижи за парите, туку ги троши на сѐ што ќе посака. Ќе избере да работи цел ден само за да има пари за трошење. Но, Стрелецот сака да им угоди и на другите, па од време на време ги почестува и луѓето во своето опкружување. Кога и да седне во ресторан или кафуле, остава бакшиш и не ја гледа цената.

БЛИЗНАЦИ

Кај Близнаците нема средина, еден ден се полни како брод, а другиот ден пред банкрот. Кога ќе се обиде да заштеди, тоа не трае долго бидејќи се големи љубители на забава и уживање. Неодговорни се, а плаќањето сметки го одложуваат до последен рок. Иако ретко кога имаат долгови, секогаш мораат да нешто да за си го дозволат животот кој го посакуваат.




Коментари

коментари