Категории

Овие 5 работи за него се многу привлечни, а вие можеби не сте ни свесни за тоа!

Кој вели дека не постои рецепт како да го привлечете вниманието од вашиот партнер на неочекуван начин? Овие работи се особено привлечни за него.

Насмевката е се, само не грев

Американски научници докажале дека насмевката позитивно влијае на партнерот, односно на делот од неговиот мозок кој е поврзан со наградување и пофалби. Освен тоа, насмевката е навистина лек – помеѓу останатото и за љубовта! Докажано е дека мажите повеќе ги привлекуваат жени кои се смеат на нивните шеги, за разлика од оние кои се рамнодушни или премногу сериозни.

Зборувајте тивко и нежно

Мажите се чувствителни на бојата на гласот на жената. Ако имате нежен или заводлив глас, момците ќе го забележат тоа многу бргу. Ако им зборувате тивко, ќе мора да се приближат за да ве чујат, а тогаш доаѓа до израз вашиот парфем кој нема да можат да не го почувствуваат.

Вашата „машка“ страна

Жените кои веднаш се расплакуваат, не се посебно привлечни за мажите. Значи, вечерта на каучот со срцепарателниот романтичен филм поминете ја со другарките. Со вашето момче (стиснете заби) и погледнете некој напнат трилер или акционен филм.

„Lady in red“

Ако сакате да бидете забележани од машкиот род, облечете црвен фустан – имено, научно е докажано дека мажите покажуваат поголем сексуален интерес за жените во црвен фустан, отколку за жените во облека во друга боја.

Не ги кријте своите облини

Вашиот партнер сигурно нема да ги примети оние три килограми вишок од кои толку многу сакате да се ослободите па во последно време барате да го изгаси светлото пред жешките моменти во спалната соба. Поголемиот дел од мажите сакаат жени со облини, а не коски.

Прегледи:
498
Објавено на:
18.09.2018