Категории

Овие 6 работи решаваат дали ќе се сеќавате на она што го сонувавте

Постојат многу теории за тоа зошто и како сонуваме. Уште една проблематика е што, иако сите сонуваме, понекогаш не можеме да се сетиме што сме сонувале. Неодамнешните откритија во науката нè доближија до прашањето зошто некои луѓе се сеќаваат на нивните соништа, а некои не.

Не постои едноставно објаснување, бидејќи на ова влијаат различни фактори. Овие 6 работи решаваат дали ќе се сеќавате на она што го сонувавте!

Пол

Жените повеќе се сеќаваат на своите соништа отколку мажите. Причината може да биде биолошка или хормонална разлика. Жените се повеќе загрижени и позаинтересирани за соништата.

Години

Како старееме така поретко се сеќаваме на нашите соништа. Најмногу се сеќаваме во детството и раната адолесценција. После тоа, нашата способност да ги запомниме соништа полека паѓа. Сепак, постојат и исклучоци.

Личност

Ова повторно не мора да биде точно, но луѓето кои се склони повеќе да размислуваат да ги користат мозочните клетки почесто се свесни за своите соништа.

Должина на спиење

Луѓето сонуваат на секои 90 минути за време на РЕМ фазата. Овие периоди се продолжуваат во текот на ноќта, па најмногу сонуваме пред утрото, обично пред да се разбудиме. Ако спиете само 4 часа наместо 8, тогаш ќе сонувате само 20 минути.

Активност на мозокот

Благодарение на снимките на мозокот научниците денес знаат кој дел од мозокот е задолжен за соништата. Делот на мозокот кој обработува информации и емоции е поактивен кај луѓето кои се сеќаваат на своите соништа, бидејќи се почувствителни на стимулите од околината.

Одговор на надворешни стимули

Оние кои почесто ги паметат своите сонови се почувствителни и реагираат побрзо кога некој го изговара нивното име. Тие се склони да реагираат побрзо кога се во опасност.

Прегледи:
434
Објавено на:
03.12.2018