Овие делови од женското тело ги обожаваат мажите

Повеќето жени мислат дека кога станува збор за она што ги привлекува мажите тоа е свршено, издолжено и затегнато женско тело без маани. Но, вистината е дека тие сакаат некои неочекувани детали, а најмногу го ценат природниот изглед.

Коса

Нејзиниот мирис и свежина кога ќе ги намести своите усни да ве бакне. Начинот на кој таа паѓа преку очите ја буди желбата полека да ја тргнете со раката позади увото и добивате желба со раката да поминете низ неа и да уживте во нејзината мекост.

Кожа

Толку мазна и мека, ги предизвикува мажите да ја бакнат и допрат. Токму кожата е една од причините зошто секој маж попрво би поминувал време на романтични моменти со жената отколку со својата богата колекција на филмови за возрасни.

Раменици

Има нешто во женските раменици и врат што кај мажите е неодоливо. Можеби е тоа совршениот облик кој ги привлекува да се приближат, нежно да ги бакнат со своите усни и да го вдишат тој природен мирис на женската кожа. Овој дел од женското тело воедно се смета и за ерогена зона.

Грб

Темел на секое елегантно држење и грациозно движење е дискретната S линија на грбот, за која бројни мажи истакнуваат дека ги привлекува повеќе од деколтето. Суптилно нагласен со парче облека, цврст и убаво обликуван грб е инспирација на бројни уметници, а за мажите ги привлекува како магнет.




Коментари

коментари