Категории

Овие два хороскопски знаци се создадени да бидат заедно!

Одредени хороскопски знаци се привлекуваат на прв поглед, но меѓу овие два навистина постои магнетска привлечност и еротика која е присутна во воздухот.

Станува збор за Скорпија и Бик.

Кога Бикот и Скорпијата ќе започнат љубовна врска, нивната врска е интензивна, а страста и хемијата се толку силни што се видливи и за обичните набљудувачи. Тие се спротивни знаци во зодијакот, а тоа им дава посебна, комплексна поврзаност. Тие заедно можат да постигнат се, но само ако секоја од страните успее да ја избалансира својата сила и слабостите.

Нивната сексуална привлечност е фатална. Бикот и Скорпијата имаат многу заеднички работи, но бидејќи нивните карактери се толку моќни, тие често пливаат помеѓу страствена љубов и страствени несогласувања.

Бикот и Скорпијата имаат длабоки потреби и желби, а иако се различни, тие не можат да се одвојат еден од друг. Скорпијата тежнее за предизвици, а обожава што Бикот е некој кого не може лесно да го придобие.

Бикот е многу посебичен и сконцентриран на себе, а во љубовните врски значаен му е физичкиот контакт и потребата од емотивна сигурност. Поради тоа, Скорпијата која зрачи со привлечност и која во љубовта очекува многу страст може во потполност да им одговори на потребите на Бикот.

Проблем може да настане само доколку секој од нив цврсто се држи до карактерот. Додека Бикот цени искреност и отвореност, Скорпијата сака да биде мистериозна.

Како би успеала врската помеѓу овие два знаци? Нивната моќна поврзаност може да достигне највисоко ниво кога Скорпијата ќе сфати дека Бикот со нив сака да биде на долги стази, а Скорпијата кога ќе ја скроти својата таинствена природа.

Прегледи:
358
Објавено на:
21.05.2018