Овие две земји имаат најмоќни пасоши: Отворени им се вратите на 189 земји во светот!

Според најновите истражувања, Јапонија и Сингапур имаат најмоќни пасоши, овие две азиски земји се пласирале на врвот на листата благодарение на можноста за патување без виза во дури 189 земји во светот.

Кога станува збор за земјите од нашиот регион, Словенија е на 10. место, Хрватска е на 20, Србија е на 41. место, Македонија на 46, Црна Гора на 47, а БиХ на 51. место.

Јужна Кореја падна од првото место на второ и така им се придружи на Финска и Германија. Секоја од овие три земји овозможува патување без виза на 187 дестинации ширум светот. На трето место се Данска, Италија и Луксембург, со чии пасоши без виза може да се посетат 186 држави, а следат Франција, Шпанија и Шведска со 185.

Австрија, Холандија, Португалија и Швајцарија го делат петтото место, а на шесто место се наоѓаат дури седум држави – Велика Британија, САД, Белгија, Канада, Грција, Ирска и Норвешка.

Најголем напредок бележат Обединетите Арапски Емирати кои прв пат во историјата на ова истражување влегле во топ 20 и оваа позиција ја делат со Сан Марино и Хрватска која е најниско рангирана од членките на ЕУ.

На дното на листата се Пакистан, Сирија и Ирак, а Авганистан со чиј пасош може да се посетат само 25 земји без виза се наоѓа на последно место.




Коментари

[fbcomments]