Овие факти за популарните филмови не ги знаат ниту нивните наголеми фанови!

Ако сте љубител на филмови можеби сте слушнале за следните факти поврзани со филмските класици, но веруваме дека ќе научите и некои детали кои ќе ве изненадат.

1.Популарниот игран филм на Дизни, “The Lion King“, првично требаше да се вика “Кралот на џунглата“, но за време на неговото создавање беше решено дека овој наслов не е соодветен, бидејќи лавовите не живеат во џунгла, туку во савана.

2.Никол Кидман, во мјузиклот “Мулен Руж“, го носеше најскапиот ѓердан што некогаш бил прикажан во филм. Тој имал дури 1.308 дијаманти и чинел околу милион долари.

3.Сликата Крик, на Едвард Мунк, служеше како инспирација за постерот на филмот “Сам дома“.

4.Зборот “мафија” ниту еднаш не се спомнува во филмот “Кум“. Вистинската мафија инсистирала на тоа.

5.Првиот дел од акциониот серијал “Умри машки“ е адаптација на книгата “Ништо не трае вечно“ на Родерик Торп. Улогата на Џон Мекејн првично му беше понудена на Френк Синатра, кој ја одби, бидејќи мислеше дека е премногу стар (тогаш имал 76 години). Брус Вилис беше следниот избор.

6.Авторите на филмот “Alien“ планирале главниот лик (Рипли) да биде маж, но во последен момент се одлучиле за Сигурни Вивер, сметајќи дека никој нема да очекува дека единствениот лик кој ќе преживее ќе биде жена.

 




Коментари

коментари