Категории

Овие фотографии се натпреваруваат за Фотографија на Дивината на 2020

Природно-научниот Музеј на Лондон објави прекрасни фотографии од дивината, низ објективите на фотографи од целиот свет. Имало околу 50000 фотографии од аматери и професионалци, но само најдобрите биле одбрани да продолжат со натпреварот за да влезат во изложбата. За да се фатат овие фотографии, потребни биле саати, за некои и денови; а пред тоа се вложени години и години во вештини и пребарување.

Овие фотографии се натпреваруваат за да бидат прикажани во изложбата „Фотограф на дивината на годината“. Победниците ќе бидат најавени на 13ти октомври, и 56тата изложба, која за прв пат ќе се одржи виртуелно, отвара во петок, 16ти октомври, 2020 година.

Дел од фотографиите доаѓаат со опис зад себеси, а некои се предадени само со наслов. Погледнете ги подоле овие прекрасни фотографии!

1. Ѕиркачки опосуми – Gary Meredith, Australia
Peeking Possums

2. Совршениот улов – Hannah Vijayan
The Perfect Catch

„Кафена мечка извлекува лосос од плиткиот дел во река во Националниот Парк Катмаи, во Аљаска.
Најголемата концентрација на мечки и туристи е околу водопадот на реката Брукс, каде што има набљудувачки платформи кои им даваат на посетителите да ги гледаат мечките каде што фаќаат риби скокајќи во водопадите.

Хана реши да се фокусира на потивка сцена и на поинаков стил на риболов.

Наместо да скока врз нив, мечката ја стави главата во вода барајќи риба. Фати полномасен лосос во неговатаа океанска форма, пред да има развиено црвена боја и нагласена вилица.

Присуството на лососи во текот на есента го осигурува преживувањето на мечките во зимата.“

3. Добар почеток – Dhritiman Mukherjee, India
Head Start

„Внимателниот гариски крокодил дава потпора на неговите потомци.

Сега е сезона на парење во Националното Заштитно подрачје Чамбал во Утар Прадеш, Индија, и овој лазач кој е обично срамежлив, сега има многу самодоверба.

Името на крокодилот доаѓа од Хинду зборот ghara кој значи „кружно лонче“. Ова се однесува на топчестиот израсток на врвот на неговиот нос, кој користи за произведување на подводни балончиња во текот на парењето.“

4. Изненадување! – Makoto Ando, Japan
Surprise!

5. Ноќна смена – Laurent Ballesta, France
The Night Shift

6. Oкото на сушата – José Fragozo, Portugal
Eye Of The Drought

„Отворено око на средина од купче кал, додека нилскиот коњ се подигнува да земе воздух – на секои три до пет минути.

Предизвикот на Хосе, гледајќи од своето возило, беше да го фати моментот кога око ќе се отвори. Хосе ги набљудуваше нилските коњи во Националниот Ресерват Масаи Мара во Кенија, остаток од реката Мара која била погодена од суша. Нилските коњи го поминуваат денот потонати доле, за да ја задржат температурата на телото константна и да ја чуваат кожата настрана од сонцето. Навечер излегуваат за да се хранат.

Околу суб-Сахарска Африка, нилските коњи се ранливи поради комбинирани ефекти на наголемен губиток на вода и климатски промени. Нивниот измет дава многу битни хранливи материи за рибите и алгите во водата. Но, кога реките се сушат, концентрации од измет се издигнуваат на површина, го намалуваат кислородот и го убиваат водниот живот.“

7. Игра на стаорци – Matthew Maran
The Rat Game

„Млада лисица го чува силно својот трофеј, мртов стаорец, додека нејзиниот брат се обидува да го земе.

Последните неколку години, Метју ги фотографира лисиците околу Северен Лондон. Во текот на оваа летна вечер, Метју лежеше гледајќи ги малечките каде што си играат, и едно од нив експлодира од грмушките носејќи убиен стаорец. Другите три се обидуваа да го земат, и започна борба.“

8. Ветерни птици – Alessandra Meniconzi, Switzerland
Wind Birds

9. Фраер меѓу дрвата – Arshdeep Singh, India
Treetop Douc

10. Амазон гори – Charlie Hamilton James, UK
Amazon Burning

11. Спарени пуфчиња – Evie Easterbrook
Paired Up Puffins

12. Вечерата на пајакот – Jaime Culebras, Spain
The Spider's Supper

13. Шума родена во оган – Andrea Pozzi, Italy
The Forest Born Of Fire

“Араукана дрвјата имаат висока цена поради специфичниот изглед, со вртлози на боцкави лисја околу аглести гранки. Природно, овие дрвја се појавуваат по ерупции на вулкани или по пожари. Природните самоници од вакви услови живеат и по 1000 години, и растат и до 50 метри.“

14. Свет на кал – Garth Lenz, Canada
World Of Tar

 

 

 

Прегледи:
275
Категории:
Фотографија
Објавено на:
07.09.2020