Категории

Овие хороскопски знаци ги очекува највозбудлива зима!

На кого ќе му се насмевне среќата во наредниве месеци? Додека другите одвај ќе чекаат да помина зимата, Рибите, Девиците и Овните ќе уживаат во зимските месеци.

Риби

Рибите во текот на наредните месеци ќе ги заборават сите стравови и ќе тргнат кон нови победи. Веќе во почетокот на декември ќе почувствувате промени во своето расположение, а и другите подобро ќе се однесуваат кон вас. Ќе ви се отворат некои врати за кои ни во лудило не сте помислувале дека може некогаш да ги отворите – особено на љубовно поле. Запомнете, за вас оваа зима ќе биде зима на љубовта. Слободните припадници на овој знак ги очекува голема љубов, а за оние кои се во врска ова е идеален период за следниот чекор – без разлика дали тоа подразбира заеднички живот, веридба, брак, деца…

Девица

Девиците во текот на зимските месеци ќе доживеат неверојатен успех на деловен план. Доколку упорно работевте и сонувавте за унапредување, сега е вистинско време со шефот да поразговарате на таа тема, бидејќи најверојатно ќе ги прифати сите ваши барања. Секако, ништо нема да ви падне од небо, но секоја работа која ќе ја извршите ќе биде добро платена.

Овен

За Овните оваа зима ќе биде сѐ само не здодевна. Оваа зима лудо ќе се забавувате, а на работа конечно ќе ви се отворат многу врати. Ќе бидете среќни и на љубовно поле. Партнерот ќе биде многу страстен, токму онака како што сакате. Особено во јануари ќе почувствувате наплив на енергија и не се изненадувајте ако одеднаш почнат да ви се јавуваат луѓе кои долго не сте ги виделе и да ве канат на пијачка, на журка… Ќе биде лудо.

Прегледи:
329
Објавено на:
01.11.2018