Категории

Овие хороскопски знаци сакаат, но неможат да бидат верни!

Тие ве сакаат, но неверството им е во гените. Просто неможат да се воздржат

Велат дека љубовта не бира и дека неможеме да одбереме во кого ќе се заљубиме.

Оние кои веруваат во астрологијата, би требало малку повеќе да водат сметка за хороскопскиот знак на својот партнер, бидејќи според статистиките, тие се најголемите прељубници.

Овен
Огнениот знак познат по избувливоста и изразениот темперамент. Сепак не само по тоа.

Овните се познати и како доста страсни љубовници на кои сексуалната енергија им е доста важна. Бракот ретко ги смирува, напротив многу припадници на овој знак лошо го поднесуваат.

Либидото им е најголем непријател, бидејќи често не се во состојба да го контролираат. Овните поради пеперутките во стомакот многу лесно ќе се впуштат во афера, па дури и ќе го сменат партнерот, посебно ако “новата љубов” им овозможува повеќе возбуда во кревет.

Вага
Поради својата неодлучност и претерана желба да остават добар впечаток, Вагите доста често се впуштаат во флерт кој често може да прерасне и во нешто друго.

Припадниците на овој хороскопски знак се доста страствени, но во исто време и мечтаат за филмска љубов. Токму поради тоа лесно паѓаат на комплименти, што може да биде доста опасно.

Стрелец
Уште еден огнен знак кој не може да си го замисли животот без секс. Ќе започне неверство, но не поради емоции, туку исклучиво воден од либидото. Стрелците не гледаат на неверството како на неморален чин, туку како спорт кој просто мораат да го негуваат од време на време.

Припадниците на овој знак обично водат грижа за својот физички изглед а познати се и по својот шарм на кој ретко кој може да му одолее.

Прегледи:
318
Објавено на:
19.01.2017