Овие информации треба веднаш да ги избришете од вашиот Фејсбук профил!

Со речиси две милијарди корисници, Фејсбук е највлијателната социјална мрежа во светот и има голема моќ. Токму поради тоа луѓето треба да внимаваат што објавуваат на својот Фејсбук профил.

Неодамнешниот скандал „Кембриџ Аналитика“ предизвика големо загрижување во врска со тоа колкава улога има Фејсбук во нашите животи. Доколку сакате и понатаму да имате профил на Фејсбук, а да не се грижите за својата приватност, овие препораки ќе ви помогнат.

 

1. Роденден

Бидејќи сите можат да го видат вашето име и презиме на Фејсбук, кога на тоа ќе се додаде и датата на раѓање и местото во кое живеете, луѓето лесно можат да ве најдат, а хакерите да добијат пристап и до вашата сметка во банка и приватни податоци.

2. Број на телефон

Веруваме дека е сосема јасно зошто не треба да се објавува бројот на телефон на мрежа каде што многу луѓе можат да го видат.

3. Информации каде вашите деца/роднини одат на училиште

Објавувањето на слики од децата и податоци во врска со тоа каде одат на училиште е неизмерно опасно за нив. Голем број педофили ги користат социјалните мрежи за да ги најдат своите мети.

5. Локација

Доколку се логирате на Фејсбук преку својот телефон со Андроид или ИОС оперативен систем, обрнете внимание да ја исклучите опцијата „Location Services“. Кога користите Фејсбук преку телефон, постои опасност да ја емитувате онлајн вашата локација, а на тој начин да можат многу лесно да ве најдат.

6. Слики од авионски карти

Многумина сакаат да се фалат каде одат на одмор така што ги објавуваат своите авионски карти, но тоа е многу глупаво и непомислено. Баркодот на картите е единствен за секој патник и може да се искористи за да се дознаат информациите кои патникот ги дал во авиокомпанијата.




Коментари

[fbcomments]