Категории

Oвие изуми ќе ни ја олеснат иднината

Мора да признаеме дека со развојот на новата технологија животот навистина ни е олеснет. Многу од изумите кои доаѓаат изледаат неверојатни, но дефинитивно со нивното доаѓање. нашите животи ќе бидат уште полесни.

Еден од изумите се сензорите и апликации кои постојано ќе ја мерат количината на хранливи состојки во храната што ја консумираме, ќе го следат нивото на кислород во нашата крв, работата на нашето срце. На овој начин, ќе биде олеснето дијагностицирањето на болестите.

 

Вториот изум се роботите. Во иднината роботите ќе ни бидат пријатели. Тие ќе танцуваат, ќе се смеат, ќе зборуваат со нас и ќе бидат дел од нашето секојдневие.

Сонот на сите деца за поправка на забите без користење на „страшните“ алатки за бушење ќе биде исполнет. Гелот Brix 3000 ќе се нанесува на забот и ќе ја омекне областа со кариес, а ќе го заштити здравиот дел, па така кариесот ќе може лесно да се отстрани.

Исто така, ќе постојат и патики што ќе ви помогнат да се движите побрзо. Станува збор за патиките Futurecraft 4D, кои ќе се прават индивидуално за секој по големина, форма, флексибилност и низа други карактеристики.

 

Уште еден изум кој ќе го направи возењето на автомобилот полесен ќе бидат гумите изработени со помош на 3Д печатач од специјални материјали, кои ќе се прилагодуваат на патот во зависност од временските услови и состојбата на патот.

Исто така и хирургијата ќе стане покомплексна, што пак е предност, затоа што операции на големина далечина ќе можат да се извршуваат само преку интернет врска на хирургот со локалната опрема , односно со робот.